Avicena Laboratorija
Најголема и најсовремена специјалистичка дијагностичка лабораторија за комплетна лабораториска дијагностика, која повеќе од 15 години успешно работи и го унапредува човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови од различни области на медицината: клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија. Една од првите лаборатории на нашите простори која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории според стандардот MKC EN ISO 15189:2013, доделен од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation), и IAF (International Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија.